Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одземени возила по сообраќајка во Охрид, двајца возачи имале забрани за управување

Одземени возила по сообраќајка во Охрид, двајца возачи имале забрани за управување

Синожа на улица. „АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три возила,од кои возачите на две од нив имале активни забрани за управување по што им биле одземени автомобилите.

Во сударот учествувале патничко возило „фолксваген амарок“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.В.М. (24) од Охрид, патничко возило „ланчија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.П. (37) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(35) од Охрид. 

- По преземени мерки, констатирано е дека В.В.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 0,71 промили алкохол во крвта, а има и три забрани за управување со моторно возило за „Б“ категорија. Исто така, и Ј.П. има една забрана за управување со моторно возило за „Б“ категорија. Известен е јавен обвинител, по чии насоки им се одземени возилата на В.В.М. и Ј.П. и по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со возило“, извести СВР Охрид.

Слично

Поврзани вести