Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одземени телефоните на Трајко Вељаноски и Весел Мемеди

Одземени телефоните на Трајко Вељаноски и Весел Мемеди

Во вторникот утрото полицијата посетила уште две адреси: домот во Скопје на поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, и домот во гостиварско на пратеникот Весел Mемеди од Национална демократска преродба, која беше дел од коалицијата „Алијанса за Албанците, објави Дојче Веле. 

На двајцата им биле одземени мобилните телефони. Од истрагата засега не соопштуваат детали, но се претпоставува дека нивните телефони содржат информации за одредени комуникации во критичниот ден, кои би можеле да помогнат во расветлувањето на одредени активности на 27-ми април. Засега не е јасно дали сомнежот е поврзан за нивна меѓусебна комункикација или за нивна комуникација со други лица.

Слично

Поврзани вести