ОДЗЕМЕНИ СТАНОВИ, АПАРТМАНИ, ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ: Парите од имотот на Никола Груевски се враќаат во буџетот
Со влегувањето во владина постапка почна враќањето на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот премиер Никола Груевски.
Станува збор за два стана кои што се наоѓаат на ул.Бихачка еден од 65м2, другиот од 44м2 на КО Кисела Вода 1, одземени со правосилна пресуда III KOK.бр.63/21 од Основен кривичен суд Скопје. Покрај овие два стана одземени се и три апартмани во Панорама Резиденс како и градежно земјиште во КО Центар и градежно земјиште во КО Норово за кои што исто така, во најкратко време, ќе бидат ставени во постапка за продажба, соопштија од Агенцијата за управување со одземен имот.
Груевски доби политички азил во Унгарија и таму живее неколку години.
Слично
