Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одземена е една зграда на македонските гимназијалци од Тетово за да биде Катастар

Одземена е една зграда на македонските гимназијалци од Тетово за да биде Катастар

Една од двете реновирани згради на старото медицинско училиште во Тетово во кое настава на македонски јазик следат тетовските гимназијалци е одземена со одлука донесена на 20 јули оваа година на Владата за да биде Катастар, објави СДК.

Одлуката е потпишана од првиот вицепремиер Артан Груби со што се одзема една зграда од тетовската гимназија во која учат учениците од македонска настава и објектот му се доделува на тетовскиот Катастар. 

Ако се реализира оваа одлука , односно ако им се одземе едната зграда, тогаш околу 80 ученици ќе останат без можност за натамошно школување во гимназијата, бидејќи ќе нема каде да ја следат наставата. 

Ова според тетовскиот градоначалник Билал Касами е одмазда на ДУИ, но и на СДСМ за претрпениот пораз на последните избори за Совет на општина Тетово. Откако двете згради на старото медицинско училиште беа внатрешно реновирани, изминативе две години наставата на македонски јазик се одвива тука. 

„Оваа одлука е злонамерна тенденција на Груби да им наштети на тетовските средношколци и да создава непотребни проблеми директно страдаат учениците, оневозможувајќи да имаат основни услови за образување“, изјави градоначалникот Касами на денешната прес-конференција.

За оваа одлуката на Владата тој најави дека ќе ги информираме сите дипломатски претставништва во земјава, амбасадата на САД, ОБСЕ, УНИЦЕФ, дека во Тетово се кршат правата на децата и граѓаните.


Слично

Поврзани вести