Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одземен пасошот на сопственикот на дивоградбата кај „Фонтана“

Одземен пасошот на сопственикот на дивоградбата кај „Фонтана“

Кривичниот суд му одредил мерки на претпазливост на сопственикот на дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“, Мевљудин Алити, објави Сител. Вчера Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против него, а денеска му е одземен и пасошот. Тој нема да смее да го напушта живеалиштето/престојувалиштето и ќе има обврска да се јавува повремено во Основниот кривичен суд Скопје.


Инаку и денеска продолжи уривањето на неговиот бесправно изграден објект. Алити вчера тврдеше дека објектот се гради легално.


„Не сакав да излегувам пред камери, затоа што ова е приватна парцела. Нека руши дрѓавата како што е научена да руши, нека ми ги остави вработените и фамилијата без леб. Ќе одам во Стразбур ако треба. Градоначалникот не може да ги знае сите сопственици на парцели. Уште третиот ден кога беше објавено дека е дивоградба, јас бев во полиција“, рече Алити.

Неговиот адвокат рече дека ќе одат на суд бидејќи ја имаат сета потребна документација и дека таму ќе бараат отштета за отстранувањето што го прави „Македонија пат“ по налог на Владата.


Слично

Поврзани вести