Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

Судијата Наќе Георгиев заврши во притвор по полноќната седница на Судскиот совет кој одлучуваше за одземање на неговиот имунитет. 

Имено Судскиот совет на Република Северна Македонија на итната седница на полноќ му го одзема имунитетот со што го одобри неговиот притвор, а го оддалечи и од вршење на судиската функција.

Ова следуваше откако МВР објави дека е уапсен поради примање мито, и притоа е фатен во моментот на преземање на парите. 

Како што соопштија од Судскиот совет, на 487-та итна седница одржана на ден 21 мај 2024 година, Советот расправаше и одлучуваше по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на притвор на судија.

- Судскиот совет, го одзема имунитетот на судија на Врховниот суд на РСМ, заради непречено водење на кривичната постапка. Го одобри барањето за одобрување на притвор на судија на Врховниот суд на РСМ поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје и времено го оддалечи од вршење на судиската функција судијата на Врховниот суд на РСМ, до правосилно завршување на кривичната постапка - се наведува во соопштението.

За потсетување Георгиев вчера беше уапсен за примање примање награда за против законито влијание, а како што соопшти полицијата,  бил лишен од слобода додека го вршел кривичното дело. 

Имено, во текот на вчерашнот ден судијата Наќе Георгиев беше уапсен, со голема сума пари кои му биле предадени за поткуп, кој според сознанија на медиумите добиени од полициски извори достигнал 10.000 евра, по што бил префрлен во полициската станица Кисела Вода во Скопје. 

Слично

Поврзани вести