Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОДЗЕМАЊЕ НА ПАСОШ, ЗАБРАНА ЗА НАПУШТАЊЕ НА ЖИВЕАЛИШТЕ: Мерки за шест уапсени полицајци за пожарот во Кочани

ОДЗЕМАЊЕ НА ПАСОШ, ЗАБРАНА ЗА НАПУШТАЊЕ НА ЖИВЕАЛИШТЕ: Мерки за шест уапсени полицајци за пожарот во Кочани

Мерки за претпазливост се определени за шестмина полициски службеници. 

Прифатен е предлогот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за опредлување мерки за претпазливост против шест лица – полициски службеници, кои попладнево беа спроведени и се произнесоа во судот. 

Мерките се одземање пасош, забрана за напуштање живеалиште, јавување во суд, забрана за контакти со останати обвинети/осомничени и забрана за преземање одредени работни активности.

Обвинителството денеска отвори истрага против десет полицајци за пожарот кој минатиот месец се случи во Кочани.

„Во конкретниот случај постои основано сомнение дека осомничените во временскиот период од 7 декември 2012 година до 21 јануари 2022 година, како соизвршители, сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност“, велат од Републичкото јавно обвинителство.

Десет полициски службеници од Кочани и Штип добија кривични пријави за непостапување според мерките и прописите за заштита и не извршување целосна проверка пред издавањето на лиценца за работа на Пулс. 

Пред еден месец во пожарот во Кочани загинаа 59 луѓе, а имаше и 200 повредени. Потоа починаа уште двајца повредени, со што бројот на жртви се зголеми на 61. Од употреба на пиротехника се запали дискотеката Пулс. Семејствата на загинатите протестираа и бараат правда. 

Слично

Поврзани вести