Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оџакот на „Физикална терапија“ го труе Скопје

Оџакот на „Физикална терапија“ го труе Скопје

Државниот инспекторат за животна средина по добиени пријави изврши надзор во Институтот за физикална терапија и рехабилитација во Скопје, каде било констатирано дека неисчистениот оџак и греењето на мазут го загадува Скопје.

„Во текот на изминатите денови, Државниот инспекторат за животна средина доби бројни претставки за емисии во воздухот од Институтот за физикална терапија и рехабилитација во Капиштец преку новата алатка за пријавување загадување. Затоа на 3-ти февруари се спроведе координиран надзор со инспектори за животна средина од Градот Скопје и од Дирекцијата за заштита и спасување.

Беше констатирано дека болницата работи без Елаборат за животна средина, која е обврзана законски да го поседува, по што веднаш беше задолжена да го изработи во најкус можен рок, а оџаците од котлите на мазут да се чистат редовно, согласно со Правилник во надлежност на Дирекцијата за заштита и спасување. Чистењето оџаци го подобрува согорувањето и го намалува загадувањето. За постапувањето со медицински отпад немаше забелешки“, објави инспекторатот.

Од таму го задолжиле Институтот да спроведе мерења на емисиите во воздухот од страна на акредитирана лабораторија и да се подобри одржувањето на котелот, кој е во видливо лоша состојба. По обезбедување финансиски средства треба во најитен можен рок да се напушти горењето мазут и да се премине на природен гас, да се вградат сончеви колектори и да се подобри енергетската ефикасност.



Слично

Поврзани вести