Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОДВОЈТЕ ЕДЕН СААТ ПОВЕЌЕ АКО ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ВРАЌАТЕ ОД ОДМОР: еве каква е состојбата на границите

ОДВОЈТЕ ЕДЕН СААТ ПОВЕЌЕ АКО ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ВРАЌАТЕ ОД ОДМОР: еве каква е состојбата на границите

Гужвите на границите поради летните одмори секојдневно се зголемуваат. Часот за чекање на граничните премини постојано расте, особено кон нашиот јужен сосед, но ниту на северната граница не е многу подобро, од каде пак доаѓаат многу граѓани кои се упатуваат исто така во Грција. 

Времето на чекање на граничните премини покажува повеќе наплив има на граѓани кои се враќаат од одморите, бидејќи расте гужвата за влез во Македонија и за излез на границата кон Србија. 

Како што информира денеска АМСМ, на граничниот премин Табановце за влез во земајва се чека еден час, додека пак на Богородица за излез се чека 40 тина минути. 

- Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираа од АМСМ.

На ГП Табановце за влез во државата време на чекање е околу 1 час, а на ГП Богородица за излез е околу 30-40 мин. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево - се нагласува во соопштението испратено од АМСМ. 

Фото: Фактор

Слично

Поврзани вести