Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОДВОЈТЕ 10 МИНУТИ ЗА ДА СЕ САМОПОПИШЕТЕ - ДЗС со апел до иселениците, иако се задоволни од досегшните бројки

ОДВОЈТЕ 10 МИНУТИ ЗА ДА СЕ САМОПОПИШЕТЕ - ДЗС со апел до иселениците, иако се задоволни од досегшните бројки

Државниот завод за статистика е задоволен од тоа како тече самопопишувањето во дијаспората, но и натаму со апели до иселениците да одвојат време и да одговорат на прашањата во апликацијата, а доколку имаат нејаснотии, од оваа институција ќе им ги разјаснат.

Според ДЗС, досега 137.111 македонски државјани ги дале своите податоци

„Самопопишувањето на македонската дијаспора се интензивира. Денешната состојба покажува дека за еден ден се попишале 7.102 македонски државјани и се надеваме дека ова темпо на попишување ќе продолжи сè до крајот на Попис2021, на 21 април.

Ги покануваме сите наши иселеници да ја искористат можноста и да одговорат на прашањата во апликацијата. За сите нејаснотии во врска со методологијата на попишувањето или какви било технички проблеми, Државниот завод за статистика им стои на располагање со отворените линии за комуникација достапни на веб-страницата Popis2021.stat.gov.mk

Одвојте 10-ина минути од вашето драгоцено време за да бидете дел од сликата за Република Северна Македонија“!“, се вели во апелот до дијаспората од Државниот завод за статистика.

Слично

Поврзани вести