Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОДВАЈ ИЗЛЕГУВААТ ОД ВОДАТА И МНОГУ БАВНО СЕ ИСКАЧУВААТ ЗАРАДИ ГОЛЕМАТА НАДМОРСКА ВИСИНА“: Ер тракторите полнат вода на еден километар од куќата на професорот Трајковски, еве што вели тој

„ОДВАЈ ИЗЛЕГУВААТ ОД ВОДАТА И МНОГУ БАВНО СЕ ИСКАЧУВААТ ЗАРАДИ ГОЛЕМАТА НАДМОРСКА ВИСИНА“: Ер тракторите полнат вода на еден километар од куќата на професорот Трајковски, еве што вели тој

Два или три Ер Трактори и хрватскиот Канадер CL-215 полнат вода за гаснење пожари на 1 km од мојата куќа во Асамати, на крајниот североисток на Преспанско Езеро, од каде им е најблиску до Битола, објави професорот на Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски.
„Одвај излегуваат од водата и многу бавно искачуваат заради големата надморска висина (842 m) и високата температура на воздухот (35 степени Целзиусови). Според таблиците и формулите, тоа одговара на density altitude од 1480 m, односно поради малата густина на воздухот како да полетуваат од над Бегова Чешма на Пелистер при нормална температура од 15 степени. Мислам дека хрватските пилоти од приморјето досега не виделе вакво летање.

Не сум видел тука Канадер, а уште помалку 2-3 Ер Трактори цели 10-15 години. Ова се навистина сериозни пожари, морничаво.

На видеото е Канадерот што ни дошол на помош од Хрватска. За разлика од Ер Тракторите, тој нема пловци, туку плови по површината на водата со самиот фјузелаж (труп), како некаков брод со крила. Исто така има и поголеми пропелери и развива подлабок звук. CL-215 е амфибија, висококрилец, со турбоелисен погон. Ретка птица на нашето небо“, напиша тој.



Слично

Поврзани вести