Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОДРЖУВАЊЕТО ЛИЧНА ХИГИЕНА ЌЕ СТАНЕ ЛУКСУЗ“: Апасиев за новиот раст на цените во маркетите 'буквално се е поскапено'

„ОДРЖУВАЊЕТО ЛИЧНА ХИГИЕНА ЌЕ СТАНЕ ЛУКСУЗ“: Апасиев за новиот раст на цените во маркетите 'буквално се е поскапено'

- Од вчера, ЦЕНИТЕ на основните намирници повторно вивнаа до небо (којзнае кој пат досега). 

Буквално се е поскапено!

Јајца, млеко, сирење, паста за заби, сокови, кечап, зејтин, шампони, сапуни..

Ова го напиша на социјалните мрежи лидерот на опозициската Левица, Димитар Апасиев, кој ироничко искоментира дека и хигиената станува луксуз.

- Влажните марамици од 60 рипнаа на 100 денари. Тоалетната - од 95 на 140 денари!

Покрај менталната, и оджувањето лична ХИГИЕНА веќе ќе стане луксуз. Сите ќе бидеме "небањати" (коо права неутро-вмраана). Само Мицика и корумпираната свита околу него ќе си уживкаат. Ќе си тркнат пак до Јапонија на изложба, па на опера у Брисел и на концертче у Вашингтон (со приватен авион)...

А ви "душмани" - бурек и јогурт (ако има).

И пак да си ги гласате "патриотиве". Оти ја вработија балд'ската тука у градинката. Ќути, чоек, има и бетер - посочува Апасиев. 

Еве ја неговата објава: 


Слично

Поврзани вести