Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одржан протест против изградбата на Луково поле и Бошков мост

Одржан протест против изградбата на Луково поле и Бошков мост

Денеска во Скопје жители од дебарско-реканскиот крај и претставници на невладини организации протестираа против изградбата на енергетските проекти „Луково поле“ и „Бошков мост“.

За нив е неприфатлива изградбата на двата објекта затоа што сметаат дека штетата ќе биде голема и ќе влијае врз животната средина и националниот парк Маврово.

Според нив, со ваквите проекти се негира идејата за национален парк и неприфатлива е изградба на нови објекти во Категорија два заштитени подрачја.

Владата неодамна соошти дека двата енергетски проекта се од суштинско значење за државата и оти при нивната реализација нема да биде загрозена животната средина во Националниот парк „Маврово“. Ќе се води максимална сметка за почитување на еколошките стандарди и на животната средина за што се изготвуваат поголем број студии во кои се вклучени и релевантни странски меѓународни организации.

Слично

Поврзани вести