Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одржан планинарски марш “Мовембер – Не дозволувај здравјето да скапе”

Одржан планинарски марш “Мовембер – Не дозволувај здравјето да скапе”

Вчера со почеток во 10h, се одржа планинарски марш со кој се започна овогодишната кампањата “Мовембер – Не дозволувај здравјето да скапе”, соопшти Здружението по урологија.

 “Мовембер” претставува глобална кампања што се одржува секој ноември со цел подигање на свеста за некои специфични заболувања кај мажите (ракот на простата, ракот на тестисите и менталното здравје). 

Маршот се одржа од ОУ “Кочо Рацин” до Средно Водно. На маршот зедоа учевство значителен број на граѓани, доктори, пациенти и др. 

„Посебна чест ни направи присуството на Претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик проф. д-р Живко Попов. 

Во склоп на овогодишната кампања ќе се одржат повеќе активности за кои тековно ќе бидете навремено известени“,извести проф. д-р Скендер Саиди, претседател на Здружението на уролози на Македонија.


Слично

Поврзани вести