ОДРОНИ И КАЛ НА АВТОПАТОТ КАЈ ТЕТОВО: од невремето карпи паднаа на улицата и направија проблеми во сообраќајот (ВИДЕО)
Силното невреме со пороен дожд предизвика бројни проблеми во Тетово и тетовско.
На дел од автопатот се појави свлечиште. Возилата се движат споро поради земјата од свлечиштето која зазема една колона од автопатот каде се појави.
Снимка од свлечиштето се споделува на социјалните мрежи:
Центарот за управување со кризи информираше дека поради обилни врнежи од дожд проследени со град што ги зафатија скопскиот, тетовскиот и гостиварскиот регион на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар наместа има одрони и помали свлечишта и тоа посебно од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин.
Кај наплатна станица Желино поради големи колчини на вода на самата рампа сообраќајот се одвива споро што доведува до создавање колони.
- Ги молиме возачите за стрпливост. Апелираме до учесниците во сообраќајот крајно внимателно да управвууват со возилата како и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот. Екипите на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта се на терен и работат на расчистување на критичните места и нормализација на сообраќајот - нагласуваат од ЦУК.
Како што претходно известивме, во Тетово противпожарната служба бара исклучување на електричната енергија поради тоа што во бројни подруми, околу сто на број има поплави, а тоа е опасност за појава на струен удар. Граѓаните пријавуваат материјални штети, а екипите спасувале и заглавени граѓани во автомобили.
Граѓаните на социјалните мрежи споделуваат видеа од поплавите во Тетово.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
