Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОДРОН И ВОДА НА ПАТОТ ПРИЛЕП - РОСОМАН, сообраќајот во прекин

ОДРОН И ВОДА НА ПАТОТ ПРИЛЕП - РОСОМАН, сообраќајот во прекин

Од утрово од 05:55 часот регионалниот пат Росоман- Прилеп, кај месносата „Трите ленти“ е затворен за сообраќај поради одрон на патот, јавува АМСМ.

Како што пишуваат граѓани на социјалните мрежи поради поплави и одрони сообраќајот е целсоно во прекин. 

Од снимките објавени на приватни профили може да се забележат одрони по патот, но и големи количини вода која носи и камења. 

Нема информации кога патот ќе биде вратен во првобитна состојба и сообраќајот нормализиран.

„Порта.мк“ објави видео од поплавите, како и дека екипите на јавните претпријатија се на терен и се бара решение за прекинот на сообараќајот. 

Слично

Поврзани вести