Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одредени притвори за осомничените за автобуската несреќа кај Ласкарци

Одредени притвори за осомничените за автобуската несреќа кај Ласкарци

Притвор доби сопственикот на „Дурмо турс“ и второосомничениот од седумте приведени за автобурската несреќа кај Ласкарци, додека третот доби домашен притвор, а еден помина само со мерки на претпазливост.

Обвинителството побара приведување на седум лица меѓу кои возачот на автобусот, сопственикот на „Дурмо Турс“ и неколкумина вработени во Дурмо Турс и станицата за технички преглед, кои и двете се во сопственост на истиот газда.

Шестмина од осомничените се гонат за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, за кои е пропишана казна затвор од најмалку 4 години. Седмиот осомничен се товари за несовесно работење во службата.

На 13 февруари во несреќата на автопатот Скопје - Тетово загинаа 15 луѓе. 

Слично

Поврзани вести