Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одреден притвор за трговецот со дрога од 200.000 евра, марихуаната ја помешал со тутун

Одреден притвор за трговецот со дрога од 200.000 евра, марихуаната ја помешал со тутун

Основното јавно обвинителство Прилеп наредни истражна постапка против 31-годишниот скопјанец М.Ј. кој во Грција требало да продаде марихуана во вредност од 200.000 евра.

„Осомничениот, на 20 октомври, на патот Прилеп-Градско, неовластено пренесувал 45,085 килограми наркотична дрога марихуана помешана со тутун наменета за понатамошна продажба. Дрогата ја набавил во Струга и ја ставил во патни торби, па едната од нив ја ставил на задното седиште, а другите две во багажникот на автомобил Пежо 306. Движејќи се во правец кон Градско со возилото, во близина на бензинска пумпа на излезот од Прилеп, осомничениот бил сопрен и контролиран од страна на полициски службеници. При прегледот на возилото, полициските службеници ги пронашле патните торби со дрога и ги одзеле“, објави ОЈО.

Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп го прифати предлогот и со решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

Според МВР, дрогата била пронајдена во патничко возило „пежо карван“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот М.Ј. од Скопје и при извршена контрола било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола и возилото не било технички испрвно, а по извршениот преглед биле пронајдени две патни торби во кои имало 9 големи пакувања марихуана, во вкупна количина од 50 килограми и вредност од околу 200.000 евра.

Возачот е лишен од слобода и се преземаат мерки за утврдување на евентуална инволвираност и на други лица при транспортот на дрогата, објави вчера МВР.


Слично

Поврзани вести