Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одреден притвор за осуммина во последната акција на Обвинителството

Одреден притвор за осуммина во последната акција на Обвинителството

Мерка притвор во траење од 30 дена е определена за осум лица поврзани со акцијата во Управата за јавни приходи (УЈП) која опфати претреси на 16 локации во државата, пришто биле пронајдени и привремено одземени фиктивна документација, парични средства, оружје и лажни печати од правни лица, а осомничените лица се обезбедени.

Во Акцијата која опфати и десетина вработени во УЈП, биле злоупотребени за 4,8 милиони евра. Според истрагата, првоосомничен е српски државјанин и сопственик и управител на две правни лица, заедно со двајца службеници од УЈП – Регионална дирекција Скопје, во текот на 2023 година формирале група со цел вршење кривични дела даночно затајување, даночна измама, перење пари и злоупотреба на службената положба. Во периодот 2023 – 2025 година во групата биле вклучени и други сопственици, управители и вработени во правни лица во Скопје и Гевгелија.

Некои од осомничените во истиот период вршеле трансфер и подигање парични средства со цел прикривање на потеклото на парите прибавени со кривични дела, во вкупен износ од 91.985.197 денари. Досегашните прибрани докази упатуваат дека осомничените вработени во УЈП – Регионална дирекција Скопје, од кои некои на високи раководни позиции, со повеќекратни злоупотреби на службената положба му нанеле вкупна штета на буџетот на РСМ од најмалку 162.980.076 денари.

Јавниот обвинител, ценејќи ги околностите, утврди дека се исполнети условите за определување на мерката притвор за десет осомничени и на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи на осум лица да им определи мерка притвор,а за две лица таа е веќе определена во предметот поврзан со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој на РСМ. За другите 10 лица јавниот обвинител предложи мерки за обезбедување присуство, меѓу кои и забрана за вршење работни активности поврзани со кривичното дело и работни активности како службени лица во УЈП на РСМ.


Слично

Поврзани вести