Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oдреден притвор за Мијалков

Oдреден притвор за Мијалков

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков вечерва е притворен на барање на Специјалното јавно обвинителство поради опасност од бегствo.

Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1, попладнево му ја одредил мерката притвор од 30 дена. 

Тој  е обвинет во „Тврдина-Таргет“, „Трезор“, „Тортура“ и „Титаник 2“, предмети на СЈО.

Притворот на Мијалков е одобрен од судот неколку часа откако осудениот експремиер Никола Груевски се пофали на Фејсбук дека добил азил во Унгарија.

Претходно поради опасност од бегство уапсени беа екс министерот, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, кој беше генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. 

Слично

Поврзани вести