Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oдреден притвор за креаторот и администраторот на „Јавна соба“

Oдреден притвор за креаторот и администраторот на „Јавна соба“

Креаторот и администраторот на групата „Јавна соба“ завршија зад решетки. 

Тие беа на распит во Кривичниот суд и добија 30 дневен притвор, информираа од Кривичниот суд.

„Судија на претходна постапка го прифати предлогот и донесе решенија со кои на Д.К. и М.П. им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на сите основи од ЗКП, односно опасност од бегство, основан страв дека ќе ја попречи истрагата со влијание на сведоците и ќе го повтори или доврши кривичното дело“, наведуваат од Кривичниот суд.

Бидејќи постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците или да го повторат кривичното дело, јавниот обвинител за двајцата осомничени на возраст од 32 и 21 година, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

„Во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата осомничени, како основач и модератор на групата, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата. Но, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудио-визуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете.

Деновиве во Скопје се одржа протест на кој граѓаните побараа казни за оние кои објавуваа експлицитни фотографии од девојки. 

Слично

Поврзани вести