Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одреден притвор за бандата на Шеваљ Муареми

Одреден притвор за бандата на Шеваљ Муареми

Кривичниот суд соопшти дека е одреден притвор за пет лица на уапсената банда на Шеваљ Муареми од Грчец, која вршела убиства и шверцувала дрога од Латинска Америка. 

„Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје,
постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење
организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување
присуство за 6 лица кои во текот на ноќта беа спроведени во судот, а
поврзани со полициската акција во с. Грчец, донесоа решенија со кои :
Прифатен е предлогот на ОЈО за организиран криминал и корупција и на :
ШБ., Ф.Б., Н.И., Ф.С.,  и С.А. им определи мерка притвор во траење од 30
дена, додека за О.П. го прифати предлотог за определување мерки за
претпазливост односно Одземање на патна исправа и забрана за издавање
нова, Забрана за напуштање живеалиште односно престојувалиште и Обврска
за јавување во суд“, соопштија од таму.

Групата дејствувала од декември 2019 до март 2021 година. Како што објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, групата стои зад организацијата и обидот за убиство на лице од селото Бардовци, албански државјанин чиешто тело било најдено на 15 мај 2020 година Матка во Скопје, како и двојното убиство на 5 март 2021 кога во Скопје беа убиени А.Б. и Б.В.

Истовремено, набавиле 435 килограмим кокаин од Бразил, од кој преку Белгија дел требал да пристигне во Македонија, како и 106 килограми кокаин со траекторија Перу – Холандија – Македонија. Набавувале дрога и од Колумбија, а ја пренесувале преку ЕУ, но и преку Албанија до Македонија.


Слично

Поврзани вести