Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОДРЕДЕН ПРИТВОР: Од тепање онесвестиле дете во Нерези, а потоа му го земале мобилниот

ОДРЕДЕН ПРИТВОР: Од тепање онесвестиле дете во Нерези, а потоа му го земале мобилниот

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека е одреден притвор за четири деца на возраст меѓу 15 и 17 години, за кои постои сомневање дека извршиле разбојништво.

Обвинителството за случајот, за кој вчера објави МВР, тврди дека нападнатото дете на кое му е одземен мобилниот, било тепано до бесознание.

„Сите четворица, на 12 февруари, во близина на детско игралиште во населбата Нерези, со употреба на сила одзеле мобилен телефон од дете родено 2007 година. Оштетениот го пресретнале кај игралиштето и го нападнале, удирајќи го со раце и нозе по главата и телото, нанесувајќи му повреди во вид на нагмечување на главата од кои оштетеното дете изгубило свест. Потоа му го одзеле телефонот од џебот на јакната и избегале. За овие четири деца во судир со законот, кои се повторници во вршење и на други кривични дела, по предлог на јавниот обвинител, Судот определи мерка притвор, оценувајќи дека се исполнети законските основи“ информира Обвинителството.

Ккао што претходно информираше МВР, насилството од врсниците се случило во понеделникот на пладне, а случајот во полицијата го пријавила мајката на момчето.

-


Слично

Поврзани вести