Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Судот го прифатил барањето на Обвинителството и на поранешниот јавен правобранител, Фахми Стефа му е определен притвор во времетраење од триесет дена, поради опасност од бегство и влијание на сведоци, велат од Основниот кривичен суд.
Судот го прифатил предлогот на Обвинителството, откако претходно денеска, од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информираа оти тој дека во периодот од октомври до 13 декември 2025 година, осомничениот примил вкупно 50 000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание со цел интервенција кај судија во Апелациониот суд Скопје. Намерата била, како што велат, преку поткуп, да се влијае врз извршување службено дејствие кое не смеело да биде преземено.
Инаку осомничениот во случајот „Синџир“ Љупчо Пецов-Ѓаволот е лицето за кое поранешниот државен правобранител Фехми Стафа требало да издејствува укинување на мерката притвор, дознава „360 степени”.
Стафа, кој е адвокат на Пецов во овој случај, пред неколку месеци поднел барање за замена на мерката притвор со куќен притвор во отсуство на Пецов, за што била понудена и гаранција. Инаку, Пецов е недостапен за органите на прогонот.
Стафа, кој ја извршуваше функцијата државен првобранител од август во 2018 година до 23 август 2022 година кога беше разрешен. Државниот правобранител го назначува Владата, а институцијата со која раководи е задолжена да ги штити имотните и други права и интереси на државата. Во последниот период Фехми Стафа работеше како адвокат, а беше и меѓу пријавените кандидати на последниот јавен оглас на Собранието за избор на член на Судскиот совет.
