ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОДОБРЕНО ОБВИНЕНИЕТО ЗА ЕКОНОМСКОТО РАБОТЕЊЕ НА ОНКОЛОГИЈА: Ќе им се суди на Васев и Нухи

ОДОБРЕНО ОБВИНЕНИЕТО ЗА ЕКОНОМСКОТО РАБОТЕЊЕ НА ОНКОЛОГИЈА: Ќе им се суди на Васев и Нухи

Ќе им се суди на поранешните директори на Клиниката за онкологија, медицинскиот Нино Васев и организацискиот Нахад Нухи - Кривичниот суд го одобри обвинителниот акт за економското работење на Клиниката.

Васев и Нухи се гонат за повеќе кривични дела: Злоупотреба, измама и проневера во службата во периодот од 2018 до 2022 година.

Според обвинението, тие набавувале лекови на реверс без да постои валиден правен основ. Потоа, со цел да го прикријат тоа, спроведувале тендери кои биле беспредметни, бидејќи добавувачите на лекови во рамки на добиените јавни набавки ги фактурирале претходно дадените лекови на реверс.

Преку тендерите, Васев помогнат од Нухи набавил количина на лекови која имал намера да ја присвои, па откако со свој потпис ќе го препишел и одобрел лекот, истиот не им ги давал на пациентите, со што се направило разлика од количината на лекови за пациенти со раздолжените лекови од околу 32,5 илјади евра.

Истрагата утврдила дека ова се случувало кај 9 болни со канцер кои всушност само на хартија добивале дел од лековите. Васев си присвоил дел од лековите за кои бил одговорен неговиот колега Нухи и кои клиниката требало да ги има на залиха, а со тоа за себе прибавил имотна корист од најмалку 211 илјади евра.

Со незаконска набавка на лекови, според обвинението, двајцата го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра, а се товарат дека го довеле во заблуда ФЗО да врши незаконска исплата и дека им овозможиле корист на добавувачите од околу 7 милиони евра.

ad
Слично

Поврзани вести