Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одобрена апанажа за четири заменици-министри од претходната Влада

Одобрена апанажа за четири заменици-министри од претходната Влада

Денеска во Собранието на седница на Комисија за прашања на изборите и именувањата беа одобрени барањата за апанажа на четворица заменици-министри од претходниот владин состав по престанокот на нивната функција, односно работен однос.

Апанажаќе добиваат Енвер Хусеини, поранешен заменик-министер за труд и социјална политика, Александар Бајдевски, поранешен заменик-министер за информатичко општество и администрација, Назим Буши, поранешен заменик-министер за внатрешни работи и Филип Николоски, поранешен заменик-министер за финансии.

Комисијата на изборите и именувањата на денешната седница го утврдија и барањето за остварување на плата по престанок на функцијата заменик на генералниот секретар на Собранието на Мики Милковски и Неџбедин Ибраими.

Комисијата денеска ја донесе одлуката за определување на надоместок на закупнина на стан за пратеничките Лидија Петковска и Ангелина Петкова. Комисијата исто така, го донесе и решението за остварување на отпремнина при заминување во пензија за поранешниот пратеник Мирослав Јовановиќ.


Слично

Поврзани вести