Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОДНОСИТЕ ВО КОАЛИЦИЈАТА ПОДОБРИ НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ“:Филков по препукувањата со Милошоски и сомнежот дека односите во коалицијата не се добри

„ОДНОСИТЕ ВО КОАЛИЦИЈАТА ПОДОБРИ НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ“:Филков по препукувањата со Милошоски и сомнежот дека односите во коалицијата не се добри

Министерот за правда Игор Филков денеска во изјава за медиумите истакна дека не планира да се повлече од министерската функција, ниту да се кандидира за градоначалник на Општина Карпош.

- Апсолутно не. Како ќе се приближуваме кон локалните избори, нашиот фолклор ќе биде уште поинтересен. Ниту планирам да се повлечам од оваа функција, планирам да продолжувам со реформите. Ниту планирам да се кандидирам за градоначалник на Општина Карпош, рече министерот за правда.

Филков нагласи дека односите во владината коалиција се одлични.

- Би се задржал само на овие коментари коишто се дел од демократијата. Верувам дека и во иднина ќе следуваат уште многу, како што ќе се приближуваме кон предизборието. А односите во коалицијата се одлични, подобри и не можат да бидат, потенцира Филков. 


Слично

Поврзани вести