ОДМОРОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ЗАВРШИ: Од утре продолжуваат со работа
Годишниот одмор на пратениците заврши.
Тие од утре продолжуваат со работа.
По разрешувањето на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, Владата на 22 месецов донесе заклучок да му предложи на Собранието на Република Македонија да го огласи именувањето Јавен обвинител на Република Македонија.
Постапката се спроведува согласно член 41 од Законот за Јавното обвинителство.
За утре е закажана седница на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.
На дневен ред се извештаи за работата на Управата за безбедност и контраразузнавање за 2016 година и на Агенцијата за разузнавање.
Пленарна седница е закажана за 4-ти следниот месец, а на која пратениците треба да расправаат за Предлогот за огласување именување Јавен обвинител на Република Македонија.
