Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одморалиштето Михајлово под Кожув си доби нови сопственици

Одморалиштето Михајлово под Кожув си доби нови сопственици
Сопствениците на фабриката за производство на безалкохолни пијалоци „Кожувчанка” и „Синалко” Митко Јанчев и на градежната компанија „Градба промет” Никола Наумов, Драган Тодоров и Никола Ќимов  за 152 илјади евра на конкурс на Министерството за труд и социјална политика го купија одморалиштето во Михајлово под Кожув . - Штета беше што во изминатите години еден таков убав објект во срцето на Кожув беше оставен на забот на времето. Планот ни е во најбрзо време да го реновираме објектот и летото по завршувањето на училишната година да биде ставен во функција на децата. Одморалиштето ќе си го врати сјајот од минатото кога генерации и генерации таму поминуваа незаборавни мигови од својот живот, изјави денеска еден од сопствениците, Никола Наумов.  
Слично

Поврзани вести