ОДМАРААТ КАДЕ ЌЕ НАЈДАТ, ВО ГРМУШКИ, НА ЗЕМЈА...Тешка е битката со огнот на пожарникарите
Македонија со денови се справува со пожарите, пожарникарите и вработените во Македонски шуми, МВР, АРМ и други доброволци, деноноќно се на терен, каде се обидуваат да ги стават пожарите под контрола. Факт е дека борбата трае со денови и дека вклучените во гасењето на пожарите трчаат од една на друга локација, и оти тоа ги исцрпува. Ним им треба одмор, па затоа се делат во групи и одмараат каде што ќе најдат.
По помината речиси цела ноќ на терен, директорот на Национални шуми, Кире Михаилов, информираше дека за денес планираат да го изгасат пожарот кој гори кај Радовиш.
„После цела ноќ стража над Подареш, Јаргулица, Покрајчево и Злеово денеска во 5 часот во добро организирана акција планираме целата огнена линија од неколку километри целосно да ја изгаснеме!
