Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одлука на Влада: 20 милиони евра за подземен паркинг под Скендербег

Одлука на Влада: 20 милиони евра за подземен паркинг под Скендербег

Владата на вчерашната седница одлучила да издвои 20 милиони евра за финансирање на проектот за плоштадот „Скендербеу“.

Првиот вицепремиер Изет Меџити најави дека овие средства ќе бидат наменети за изградба на подземниот паркинг, чии работи се очекува да започнат во 2025 година, додека на две подземни нивоа се предвидени 371 паркинг место.

„Дозволете ми, како прв потпретседател на Владата на Република Северна Македонија, со големо задоволство да ве информирам за важната одлука што ја донесовме на денешната владина седница. Владата одлучи да издвои 20 милиони евра за финансирање на проектот за изградба на катна подземна гаража кај плоштадот Скендербег во Скопје. Овој повеќегодишен проект предвидува изградба на 371 нов паркинг простори, распоредени на две подземни нивоа со вкупна површина од повеќе од 13.000 квадратни метри. Исто така, ќе се обезбедат соодветен број паркинг места за лицата со посебни потреби. Со оваа инвестиција ја покажуваме нашата посветеност за решавање на инфраструктурните предизвици со кои се соочува нашиот главен град, Старата чаршија во Скопје, општина Чаир и Центар“, рече Меџити.

Според Меџити, изградбата на подземната гаража е од големо значење за Старата чаршија и за општина Чаир. Тој додаде дека конечно ќе се реши повеќегодишниот проблем со недостигот на паркинг места во овој дел од градот, што ќе помогне да се олесни сообраќајот и да се овозможи полесен пристап за жителите и посетителите. 

Слично

Поврзани вести