Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОДЛУКА НА ЕДЕН ПРОФЕСОР: Дал отказ за да се занимава со нешто необично

ОДЛУКА НА ЕДЕН ПРОФЕСОР: Дал отказ за да се занимава со нешто необично

Клинт Буфингтон(33) е Американец, професор по англиски јазик кој дал отказ за да собира пораки во шише. 

Тој сакал да ужива во животот, да го спои убавото со корисното, а таква идеја добил во 2006 година. 

Тогаш пронашол порака на плажа, а досега има 83 пораки, од кои успеал да ги пронајде 25-те испраќачи. 

Како што пишува Дејли Мејл некои од овие пораки во шише се фрлени во реки и океани пред неколку децении. 

„На тие пораки гледам како на временски капсули. Кога луѓето ќе стават порака во шише, тоа е документ кој има време, место, минута. Тие пораки ги гледам како прозорец во нечиј живот“- вели професорот. 

Засега за живот заработува од ноќни свирки, и од работа како фриленсер, а со тоа има и повеќе  време за своето хоби. 

Слично

Поврзани вести