Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одложувањето на воениот удар врз Cирија го зголеми расположението на европските берзи

Одложувањето на воениот удар врз Cирија го зголеми расположението на европските берзи
Цените на акциите на европските берзи утринава зајакнаа благодарение на охрабрувачките кинески показатели и одлуката на американскиот претседател, Барак Обама, за воениот напад на Cирија, да бара поддршка од Конгресот. Лондонскиот Ftse индекс околу 9,30 часот беше во плус од 0,25 посто, франкфуртскиот DAX 1,5 посто, а паришкиот CAC 1,68 посто. Инвеститорите се охрабрија од најновите податоци од Кина, кои покажуваат дека индустриската активност во оваа земја во август, пораснала по најбрза стапка во последните година дена. PMI индексот на индустриска активност, во август достигна 51 поен, што е над очекувањата на аналитичарите. Одложувањето на потенцијалниот воен удар на CАД врз Cирија, исто така, разбуди нешто поголем апетит за ризик кај инвеститорите. На Токиската берза, Nikkei индексот денеска зајакна за 1,37 посто на 13.572 поени.
Слично

Поврзани вести