Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одложете ги патувањата кон Грција: Блокадата се очекува да трае цели 48 часа

Одложете ги патувањата кон Грција: Блокадата се очекува да трае цели 48 часа

Главниот граничен премин кон Грција, Богородица – Евзони, е во целосен прекин од денеска од 17 часот. Како што информираат од АМСМ, границата е затворена за сите видови возила, а блокадата се очекува да трае цели 48 часа, односно до сабота (10.01.2026) до 17:00 часот.

Истовремено, хаос има и на преминот Меџитлија (Ники), каде е на сила забрана за движење на товарни моторни возила. За разлика од Богородица, на овој премин патничките автомобили засега можат да поминуваат со нормален тек. Превозниците и патниците се советуваат да ги одложат своите патувања или да користат алтернативни правци.

Кон крајот на ноември лани грчките земјоделци почнаа со блокади и тие уште траат. 

Слично

Поврзани вести