Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одложено судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

Одложено судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

Почетокот на судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово, во која изгореа 11 ковид-пациенти, е одложено поради отсуство на дел од обвинетите.

Рочиштето во кое се обвинети тогашните директори Ф.Б и А.Е за кривично дело тешки дела против општата сигурност и докторот Б. В за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија се презакажа за 14 октомври во 10 часот.

Обвинето е и правното лице ЈЗУ Клиничка Болница Тетово за кривични дела предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Обвинилтеството десет месеци водеше истрага во која стручни анализи и вештачења беа направени од МВР, Технолошкиот факултет, електроинжинер и експерти и истражители од сојузната криминалистичка полиција на Германија.


Слично

Поврзани вести