Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одложено судењето за „Насилството во Центар“ - немало камери

Одложено судењето за „Насилството во Центар“ - немало камери

Во Кривичниот суд денеска се одложи судењето за случајот на СЈО „Насилството во Центар“ поради немање на камери. 

Во случајот обвинети се екс премиерот, Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Беше кажано дека судот располага со две камери за снимање на рочиштата, а истите претходно биле побарани од судијата Софија Лаличиќ, која денеска во исто време му судеше на дедото на Тамара, обвинет за обид за убиство на екс министерот за здравство Никола Тодоров.

Наредното рочиште за „Насилството во општина Центар“ е закажано за 27 декември, а рочиштата да се снимаат аудио и визуелно инсистираа одбраната и обвинетите што е и нивно законско право.

Двајца општински советници во Центар од ВМРО-ДПМНЕ кои беа обвинети признаа вина и добија условни осуди.

Слично

Поврзани вести