Одложено судењето на Стевчо Јакимовски
Судењето за незаконска легализација на објекти на градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски, е одложено во Кривичниот суд. Претседателот на ГРОМ се појави на рочиштето, но пријави дека семејството на неговиот адвокат боледува од Ковид-19 и дека не може да дојде.
Обвинетиот појасни дека неговиот адвокат бил во контакт со заразени од Ковид-19, односно целата негова фамилија била заразена. Јакимовски е обвинет од 2019 за кривично дело од времето кога беше претходно градоначалник на општината, а до сега се одржани само неколку рочишта.
Предметот сега го води судијата Осман Шабани, а обвинети се уште десетмина, од кои пет лица веќе ја признаа вината. На ЈАкимовски денеска му е втор ден откако го превзеде раководењето на Општина Карпош од Стефан Богоев.
