Одложено судењето на Бобан Илиќ - Во Куманово и натаму ќе има протести
Судот во Куманово го одложи планираното второ рочиште за судењето на Бобан Илиќ кој е осомничен за смртта на четиригодишниот Алмир Алиу. Причина за одложувањето на рочиштето е отсуството на вештаците кои го изготвиле психијатриското вештачење за обвинетиот Илиќ.
Илиќ на минатото рочиште изјави дека не се чувствува виновен за убиството, а неговата девојка и брат раскажуваа дека несреќниот случај се случил кога се обидувале да избегаат поради тоа што биле нападнати од групата, во која бил и таткото на Алмир, кој пак се терети за кривично дело насилство. Следното рочиште е закаано за 24 март.
Во меѓувреме во Куманово има најави дека граѓани ќе продолжат со протестите пред судот со барања за фер постапка и добивање на правда за малиот Алмир.
Слично
