Одложено рочиштето за „ТНТ“, Груевски побарал да оди на собраниска седница за уставни промени
Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, побара одложување на рочиштето за случајот „ТНТ“ за кренатиот објект во воздух „Космос“ за да може да присуствува на стартот на пленарната седница за уставни измени во согласност со Спогодбата од Преспа.
Судијата Огнен Ставрев му го прифати барањето, така што следното судење е закажано за 25 октомври. Ниту од СЈО не правеа проблем за ова барање и оставија судот да одлучи по оваа молба.
,,Сакам да бидам ослободен од денешното рочиште. Сакам да присуствувам на седницата во Собраието, каде има точка за промена на Уставот. Досега не сум ја користел таа можност”, рече Груевски.
Во 10 часот имало закажано пратеничка координација, но поради рочиштето и, како што рече, почитта кон судот тој се појавил на судењето.
Груевски во моментов има единствено само функција на пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на РМ.