Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одложено разгледувањето на регистрацијата на „Иван Михајлов“

Одложено разгледувањето на регистрацијата на „Иван Михајлов“

Помина една недела откако Владата најави дека ќе се разгледува прашањето дали е можно граѓански субјект во Македонија да се регистрира со име „Иван Михајлов“. Ова прашање требаше да се разгледува во текот на оваа недела, а последните медиумски информации се дека тоа е одложено и дека евентуално за тоа ќе се дискутриа по 2 мај.

Владата не дава никаква информација дали ќе преземе нешто во врска со клубот и дали ќе има одговорност за регистрацијата на здружението со тоа име. Премиерот Димитар Ковачевски не одговара дали ќе се бара пререгистрација на клубот, односно што ќе преземе Владата. 

За ова прашање конкретно треба да се расправа на состанокот на работната група при Министерството за правда за измени на Законот за здруженија и фондации кој требаше да се оддржи по Велигден.

Премиерот Димитар Ковачевски пред една недела пред медиумите рече дека Владата ќе го разгледа прашањето дали граѓанско здружение може во Македонија да се регистрира под името „Иван Михајлов“.

- Како Влада ќе ги собереме сите информации во однос на користењето на имињата кога станува збор за регистрирање на здруженија на граѓани. Веќе имаше некои коментари од адвокати, идната недела ќе ве информираме за резултатот, одговори Ковачевски на новинарско прашање.

Премиерот уште еднаш наведе дека Ванчо Михајлов бил соработник на „Хитлерова Германија, Мусолиниева Италија и Павеличева Хрватска“.

Културниот центар „Иван Михалов“ во Битола пред две недели отвори клуб на кој присуствуваше бугарскиот државен врв.


Слично

Поврзани вести