Одложено гласањето за извештајот за Македонија на барање на бугарските европратеници
Поради наводен притисок од бугарските европратеници, Европскиот парламент на ЕУ денеска го одложи гласањето за усвојување на Извештајот за земјава во кој за прв пат требаше да ги има термините „македонски јазик“ и „македонски идентитет“.
Гласањето е одложено за 24 јуни, а Томас Вајц, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, призна дека тоа е направено поради тензичната атмосфера наметната од бугарските европарламентарци.
Претходно беше објавено дека бугарски и грчки европратеници поднеле 300 амандмани за извештајот, а меѓу нив има и прелдог македонската нација да добие префикс „сегашна“, што за актуелната власт е неприфатливо.
Вајц се реши да им даде шанса на европарламентарците од Бугарија кои ја спореа неговата работа, и го обвинуваа дека имал задткулусни средби со, како што рекоа, „надворешни факгори“, мислејќи на македонски претставници, и сето тоа влијаело на ставовите во извештајот.
Известувачот Вајц одговори на притисоците на бугарските претставници да се одложи расправата за извештајот за нашата земја за 24 јуни.
Бугарските европратеници побарале во следниот период повторно да се преговараат спорните текстови.
Премиерот Христијан Мицкоски во измиантите неколку денови бараше лобирање од страна и на опозицијата до европарламентарци за извештајот. Тој напомена дека имал голем број телефонски разговор, но не сподели информации од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ во врска со гласањето.
