Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одложена пресудата за „ТНТ“, продолжува трката со времето

Одложена пресудата за „ТНТ“, продолжува трката со времето

На барање на адвокатите определени по службена должност, се одложи првостепената пресуда за случајот „ТНТ“, односно за рушењето на „Космос“, која беше најавено дека ќе се донесе денес. Судечкиот совет го одложи судењето за утре, бидејќи адвокати определени по службена должност немале време да се подготват за предметот.

Адвокатката Иванка Јакимовска која беше поставена да го брани поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, како еден од обвинетите, побара судењето да се одложи бидејќи според неа, некоректно е да брани клиент, а да не го знае предметот. Судот го прифати барањето и утре одбрана треба да даде обвинетиот Миле Јанакиески. Судењето продолжува утре во 9,30 часот.

Денешното рочиште за случајот „Монструм“ беше одложено доцна синоќа поради проценката на судијата Огнен Ставрев дека е поважно денес итно да продолжи судењето за предметот „ТНТ“, после вчерашното рочиште кое траеше од 9 до 20.30 часот.

Но адвокатите на дел од обвинетите не дојдоа во судот по што беа казнети со по 2000 ерва. Судот одреди адвокати по службена должност и ќе се потруди да донесе првостепена пресуда најдоцна за пет дена со оглед дека на една од поротничките и завршува мандатот. Судењето иако трае долго и е пред завршница, ако биде поставен нов поротник ќе почне од почеток.

По синоќешното негодување на адвокатите дека вонредно закажаното рочиште за „ТНТ“ само 13 часа по крајот на вчерашното е на штета на квалитетното подготвување на одбраната за овој случај, судијата рекол дека „во интерес на обвинетите е судењето да заврши што побргу“.


Слично

Поврзани вести