Одложен завршниот збор на обвинителот во случајот за малиот Алмир
Обвинителството денес не можеше да ги даде финалните зборови за обвинетиот Бобан Илиќ за наводното убиство на четиригодишниот Алмир од Куманово кој беше прегазен со автомобил по бркотница меѓу учесници во тепачла.
Поради оправдано отсуство на адвокатот на одбраната на тројцата обвинети за насилство, денеска во кумановскиот суд е одложено рочиштето.
Наредното рочиште, информираа адвокатите, е закажано за 29 ноември, годинава.
Осомничениот се товари дека го прегазил четиригодишниот Алмир на улицата „Борис Кидрич“.
За истиот настан против три други лица, инаку, таткото на детето Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу е поднесено обвинение за сторено кривично дело „насилство“.
Слично
