Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одложен состанокот на Комисијата за заразни болести: За мерката карантин ќе се дискутира в понеделник

Одложен состанокот на Комисијата за заразни болести: За мерката карантин ќе се дискутира в понеделник

Комисијата за заразни болести го одложи состанокот, на кој денеска требаше да се разговара дали во земјава е крајно време да се примени мерката карантин.

Здравствените власти во понеделникот најавија дека овие неколку дена, заклучно со денеска ќе се анализира епидемиолошката слика во Македонија, и не ја исклучија можноста да воведат и полициски час, ако бројките покажуваат дека тоа е неопходно.

-Состанокот на Комисијата за заразни болести е одложен за в понеделник. Но, континуирано ја следиме состојбата. Ако бројката на новозаразени па пример денеска е 1.500, секако дека ќе се состанеме за да видиме што понатаму. Инаку, мерките кои се на сила, навистина се одлични и во голема мера може да ја намалат трансмисијата на вирусот. Но, мора строго да се почитуваат. Ако е кажано дека не треба да се излегува од дома без потреба, да не се излегува. И онака, воздухот е загаден и навистина нема потреба од гужви и собирања во овој момент. Имаме премногу хоспитализации, имаме премногу новозаразени, имаме премногу починати. Време е да бидеме свесни што се случува. Затоа и на неколку пати досега повторивме дека не ја исклучуваме мерката полициски час, но ајде да им дадеме шанса и на меркиве. Потребно е само малку повеќе дисциплина и послушност, велат од Комисијата за здравство за Фактор.

Во секој случај, како што потенцираат нашите извори, и да ја препорачаат најстрогата мерка со која практично ќе се ограничи движењето на граѓаните, последната одлука ја има Кризниот штаб во Владата и тоа ќе се соопшти по седница на Влада.

А.Б.


Слично

Поврзани вести