ОДЛИЧНИ ВЕСТИ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКПЕТРОЛ“: компанијата повторно ќе дели „дебела“ дивиденда
Најголемата македонска компанија за трговија на мало со нафтени деривати „Макпетрол“ повторно оствари одличен финансиски резултат.
Добивката за 2025 година изнесува 19,36 милиони евра милиони евра и овој резултат е остварен во услови кога владееше голема неизвесност.
За споредба добивката на Макпетрол за 2024 година изнесуваше 17,26 милиони евра .
Благодарение на доброто работењее на компанијата голем бенефит ќе почуствуваат и акционерите.
Имено до Македонска берза се доставени повеќе документи, меѓу кои и плановите за распределување на дивидената.
Од нив може да се види дека акционерите до крајот на септември ќе добијат најмалку по 4.620 денари, односно толку ќе биде дивидената за една акција.
- О Д Л У К А за плаќање на дивиденда по Годишната сметка на Друштвото за 2025 година (Дивиденден календар)
На акционерите на Макпетрол АД Скопје се одобрува плаќање на дивиденда во висина од 467.285.280 денари бруто, односно 4.620 денари бруто за една акција.
Дивидендата ќе биде исплатена во пари.
За датум на пресек на акционерската книга според која се определува листата на акционери кои имаат право на исплата на дивиденда се утврдува 16.6.2026 година.
Исплатата на дивиденда ќе се изврши до 30.9.2026 година - се посочува во објавата.
П.О.
