Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ТРАСАТА СЕ ПРОБИВА СО СИЛНО ТЕМПО“: Николоски се пофали со градежните активности на долгоочекуваниот автопат

„ТРАСАТА СЕ ПРОБИВА СО СИЛНО ТЕМПО“: Николоски се пофали со градежните активности на долгоочекуваниот автопат

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски денеска на социјалните мрежи со ново инфо за изградбата на автопатот кон Охрид. 

И овој пат, Николоски не заборави да истакне дека има голем напредок во изградбата на долгонајавуваниот и долгоочекуваниот автопат. 

- Одличен напредок во изградбата на автопатот Гостивар - Букојчани (заобиколување на популарната Стража).

Трасата се пробива со силно темпо, а истовремено се работи на поставување на столбовите за виадуктите.

Се работи на 4 моста и еден натпатник, еден мост е целосно завршен.

Ја градиме Македонија - напиша Николоски на Фејсбук и сподели фотографии од градежните активности. 




Слично

Поврзани вести