Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОДИТЕ НА ОДМОР СО ТУЃО ВОЗИЛО: Ова се документите кои ќе ви требаат ако летувате надвор од државата

ОДИТЕ НА ОДМОР СО ТУЃО ВОЗИЛО: Ова се документите кои ќе ви требаат ако летувате надвор од државата

Летото е период кога многумина се одлучуваат да патуваат надвор од границите на државата најчесто со автомобил. 

Доколку и вие сте од оние кои решивте да летувате со вашиот автомобил имајте на ум дека без одредени документи не можете да ја напуштите државата.

За патување со автомобил надвор од државата, потребни се следните меѓународни документи:  

-  Зелен картон

-  Овластување за управување со туѓо моторно возило

-  Меѓународна возачка дозвола

-  Патничко осигурување


Притоа, за нешто да не заборавите, ве потсетуваме кои документи ви се потребни :


1. Документи потребни за Меѓународна возачка дозвола:


-       2 фотографии (45ммх35мм)

-       Лично присуство со документ за идентификација (лична карта/пасош)

- Национална возачка дозвола

-       Потврда од Министерство за внатрешни работи за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило (се издава од страна на МВР во МРТВ) 

Важност: 3 години, но со истекот на важноста на националната возачка дозвола истекува и важноста на меѓународната возачка дозвола.

Доколку пак го позајмите автомобилот на татко си, пријателот или било кој друг туѓ автомобил потребно е исто така да поседувате документи односно Одобрение за управување со туѓо моторно возило надвор од Р.Македонија (Полномошно).

За да го добиете тоа полномошно треба да ги извадите следниве документи:

- За физички лица:

-  Сообраќајна дозвола од возилото и лично присуство на сопственикот со документ за идентификација (лична карта/пасош)

- Лично присуство на корисникот на возилото со пасош

- За правни лица:

-        Барање за издавање на Одобрение за управување со туѓо моторно возило на меморандум на фирмата

- Сообраќајна дозвола од возилото

- Лично присуство на корисникот на возилото со пасош

Важност: 1 година

Притоа, сите меѓународни документи можете да ги извадите 24/7 во АМСМ Скопје-Центар.

Слично

Поврзани вести