„ОДИМЕ ВО ВТОР КРУГ“: Јакимовски очекува победа, во првиот круг води Лукровски
Освен во Злокуќани, каде имаше поткуп, изборите беа фер. Влегуваме во втор круг. Опозиционите гласови се скоро дупло во однос на ВМРО-ДПМНЕ, овде, во Карпош, рече кандидатот за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски.
Во првиот круг, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски води со околу 266 гласови, што според Јакимовски е речиси 50-50 помеѓу нив.
„Пред се сакам да им се заблагодарам на моите противкандидати, пред се на госпоѓата Маја Мојсова од СДСМ, на госпоѓата Невена Георгиева, како и на кандидатот на Левица, Антонио Димитров, кои беа максимално фер во оваа кампања. Сметам дека така се води кампања, да кажеш што имаш да понудиш на граѓаните, без да омаловажуваш противкандидат“, рече Јакимовски.
Тој очекува поддршка од сите опозициони сили во вториот круг и да добие нов мандат.
