„ОДИМЕ ВО ПОСВЕТЛО УТРЕ“: Јовановски се заблагодари на сите, вети поубаво Кичево
Огромна благодарност на сите жители на Кичево. Ова е заедничка победа. Ќе изградиме едно поубаво Кичево. Фала ви и добре ми дојдовте од утре сите на помош, рече новозибраниот градоначалник на Кичево, Александар Јовановски.
„Се уште немаме конечни резултати, мислам дека сме околу 2.000 гласа во предност. Почнуваме со диви депонии, со кучиња скитници, со канализации, со се што им треба на граѓаните. Се ќе биде исполнето“, рече Јовановски.
Вели дека во Кичево како сограѓани никогаш немале меѓуетнички проблем.
„Јас денес добив гласови од сите што живеат во овој град. Тука нема да има промена. Ние ќе одиме во посветло утре“, посочи Јовановски.
Слично
