ОДИ ПОНАТАМУ: Законот за ЈО „аминуван“ во матичната Комисија
Единствениот амандман за предлог законот за ЈО кој беше поднесен од пратеникот Сурија Рушиди доби „блок“ од министерката Дескоска при што не беше усвоен од собраниска Комисија за европски прашања.
Имено, законот за јавно обвинителство денес го помина филтерот во матичната собраниска комисија за европски прашања при што е пратен понатаму.
Членовите на Комисијата по скратена постапка, одлучиле и двата предло закони, и тој за ЈО и тој за изменување и дополнување да ги проследат и тие да одат на пленарната седница.
Законот за ЈО кој сеуште виси, изјаснување треба да добие денес и од Законодавно-правна комисија.
Слично
